• Hotel Epinal - Bitola,
  • Marshal Tito bb 7000 Bitola
  • Republic of Macedonia
  • tel.: +389 47 224 777
  • fax: +389 47 224 778
  • e-mail: reservation@hotelepinal.com

Brief facts about the city of Bitola

Името Битола се споменува уште од 10-тиот век. Остатоците од Хераклеа Линкестис (2км од центарот на Битола) се доказ за постоењето на антички град основан од македонскиот крал Филип Втори во 4-тиот век п.н.е. Во историјата Битола била сместена на познатиот римски пат Виа Игнација, што му овозможи на градот да стане релевантен економски, административен, образовен, медицински, дипломатски и културен центар.

Битола, со население над 90,000 граѓани, е втор по големина град во Република Македонија и се простира на површина од 1.716 км2. Се наоѓа на 630м надморска височина, 175 км од главниот град Скопје, 180 kм од Солун и само 15 километри од грчката граница. Битола, град со богата традиција и бурно историско минато, денес е регионален индустриски, економски, образовен (универзитетски), научен и културен центар на југозападниот дел од земјата.

Климата во ова подрачје е континентална со благо влијание на Медитеранот, многу сончеви денови, богата вегетација и пријатни температури во пролетните и есенските месеци. Просечната годишна температура е 10°C.

Битола има сликовита околина со прекрасни пејзажи, но главниот симбол е Националниот парк "Пелистер", област со извонредна природна убавина, две глацијални езера наречени "Пелистерски очи" и бор со пет листови Молика, формации од терциерен и балкански ендемски тип. Битола има богат културен живот. Освен Меѓународниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" (еден од трите светски фестивали посветен на директорите на фотографијата), уште неколку меѓународни фестивали се одржуваат во Битола, како што се "Интерфест"- Меѓународен фестивал на класична музика, "Вечери на Хераклеа "- летен театарски и музички фестивал, "Меѓународно графичко триенале, Меѓународна детска колонија", Малиот Монмартр во Битола.

Picture Picture

Monuments of culture

Picture

Античкиот град Хераклеа Линкестис бил основан од Филип II Македонски (во 4-тиот век п.н.е.). Живописните мозаици на Хераклеа се одлично зачувани. Тие се меѓу најзначајните уметнички дела од тој период. Малата и големата базилика со три храма, големиот амфитеатар, акрополата, некрополата, резиденцијата на епископот, статуата на Атена Партенос, се само дел од богатата ризница на Хераклеа.

Еврејската порта е еден од спомениците кои сведочат за ужасното депортирање и уништување на 3,000 Евреи во Битола во концентрациониот логор Треблинка.

Таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, го посетуваше турското воено училиште во Битола. Неговата комеморативна соба се наоѓа во Институтот, Музејот и Галеријата (поранешното турско воено училиште).

Градот изобилува со значајни културно-историски споменици кои се наследство од минатите векови: Катедралната црква "Свети Димитрија" (1830 година), една од најголемите православни цркви во Македонија со прекрасен иконостас и позлатена резба. Безистен (16-19-ти век), покриен пазар; старата битолска Чаршија (19-ти век); Саат кулата (17-ти век), џамијата на Ајдар Кади (16-ти век); старата градска архитектура (19-ти и почетокот на 20-ти век). Во градот имало девет конзулати на европски држави (Австрија, Унгарија, Русија, Велика Британија, Франција, Италија, Грција, Србија, Бугарија и Романија).

Рускиот крст - во чест и слава на руски император конзул во Битола Александар Аркадиевич Ростковски.

Широк сокак

Широк сокак претставува најрепрезентаивната амбиентална целина на старото градско јадро. Тој е пешачка зона по која се распослале голем број на кафулиња, накитени продавници и повеќето конзуларни претставништва, креирајќи ја, сẻ наново, правата позадина за битолската лежерна градска шема.

Називот, Широк сокак е всушност име-прекар на главната улица на градот. Под ова име битолчани ја препознаваат оваа улица уште од 40-тите години на 19 век, од кога датира нејзиниот надалеку препознатлив лик.

Архитектонскиот израз на градбите кои се нанижале по Широк сокак ги одразува цивилизациските промени што се случувале во тој период и трајно го промениле дотогашниот ориентален начин на живот.

Широк сокак е материјализиран одраз на културата на градот и јасно зборува за Битола како административен, трговски, индустриски, просветен и културен центар во овој дел на Балканот, препознатлив и пошироко, во Европа.

Picture Picture

Саат-кула

Picture

Саат-кулата е најпрепознатливиот споменик по кој се идентификува центарот на Битола. Се смета дека таа е изградена во периодот на турското владеење, во 1830 година, кога беше изградена и црквата Св.Димитрија.

Се раскажува дека за време на градбата, во материјалот за врзување на камените блокови, биле употребени 60.000 јајца, заради поголема цврстина на градбата.

Таа е висока 33 метри. Најгорниот дел е мала купола која лежи на квадратно плато, заштитено со железна ограда, од каде се гледа прекрасна панорама на градот на пошироката околина. Вградениот саатен механизам мелодично ги отчукува часовите потсетувајќи ги минувачите на своето присуство.

Овој историски споменик ја задржа практичната вредност за граѓаните на Битола кои што секогаш ќе ви се пофалат дека токму тој му дава оригинален печат на целиот град.



Хераклеа Линкестис

Античкиот град Хераклеа Линкестис е еден од најзначајните антички градови во Македонија. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски. Во своето илјадагодишно постоење доживува три значајни епохи (хелинистичка, римска, рановизантиска) и секоја од нив оставила свој печат.

Градот достигнал најголем процут откако потпаѓа под римска власт и по изградбата на патот VIA IGNATIA. Тогаш Хераклеа Линкестис се претворила во важен стопански и културен центар, кој дури бил посетен од римскиот император Нерон.

Граден е според класичните шеми на античките градови. Покрај стамбените згради биле изградени и повеке јавни објекти, храмови, капатила и сл. Од досега откриените објекти позначаји се:

  • o портик на судницата од римско време (II в.н.е)

  • o терма од римско време (II в.н.е)

  • o театар од римско време (II в.н.е)

  • o епископска резиденција од ранохристианско време (IV до VI век)

  • o мала базилика од ранохристијанско време (IV до VI век)

  • o голема базилика од ранохристијанско време (IV до VI век)

  • o градска чешма од времето на Јустинијан (562)

Денес е значајно археолошко наоѓалиште, но и место каде се одвиваат разни, културни манифестации.

Picture Picture

Св. Димитрија

Picture

Најголема битолска црква "Св.Димитрија" изградена во 1830 година на местото на истоимениот мал параклис, кој настрадал во пожар.

Градена е во форма на трибродна базилика, со странични галерии. Секој брод претставува засебен паралкис. Посебно воодоошевува иконостасот со своите монументални димензии. Забележливи се знаци на европскиот барок и рококо стил.

Нејзината импресивна внатрешност, високите сводови, бројни канделабри, чудесни полилеи и монументален раскошен олтар, кој бил подоцна изработен од прочуените македонски копаничари, оддаваат чувство на необичен таинствен мир и атмосфера на возвишеност.

Како составен дел на оваа бележита градба, на битолското архитектонско културно наследство е камбанаријата изградена во 1936 година.

Лоцирана во строгиот центар на градот, црквата "Св. Димитрија" е соборен храм, кој широко ги отвара портите за христијанските верници и сите добронамерни посетители.



Католичка црква "Свето срце Исусово"

Католичката црква "Свето срце Исусово" основана е во 1856 од мисијaта на Лазаристите. Таа е една од првите католички цркви на Балканот.

Со својата внатрешна концепција и својот мобилијар, му припаѓа на неоготскиот стил.

Повеќепати била преуредувана, а нејзиниот сегашен изглед е резултат на реконкструкцијата по бомбардирањата, за време на Балканските војни (1912-1914) и Првата светска војна. Камбанаријата била повторно изградена во 1930 година.

Лоцирана е на најрепрезентативната улица ,,Широк Сокак,, во Битола.

Црквата и денес поседува многу богата библиотека и архивски фонд за мисијата и школите отворени во Битола, за ширење на католичката вероисповед.

Picture

Исак Џамија

Picture

Исак Џамија по својата монументалност и убавина е еден од најпознатите споменици на исламската култура во Битола. Изградена е во 1506 год. како задужбина на кадијата Исак Челеби.

По својата архитектонска препознатливост, надворешност и внатрешниот изглед, хармоничноста на линиите, претставува усовршен брусански тип на џамија. Се смета дека оваа џамија припаѓа на класичниот османлиски стил на турското градителско наследство.

Внатрешноста е богата со разнобојна орнаментика. На поголемите површини по ѕидовите се изведени медаљони во кои се испишани текстови со верски пораки. Се знае дека и самиот Исак Челеби е погребан до самата џамија.







Безистен

Безистен (атрактивна покриена чаршија), се верува дека е граден XVII-XVIII век.

Со неговите 86 дуќани, бил наменет за трговска размена на стоки и сарафска (банкарска дејност), заради што влезните врати се заштитувале со железни порти.

Денес внатрешно преуреден, во него функционираат разни трговски и угостителски објекти.

Picture

Магаза

Picture

Во средината на 19 век, во Битола се случиле неколку големи пожари што ги уништиле и последните дрвени дуќани во чаршијата. Нивното место го зазеле масивните дуќани и магазите.

Тие биле средиште каде се сместувале стоки од најразличен карактер, се одржувала трговија со децении и векови.

Денес во автентично зачуваниот амбиент во ова зграда, лоцирана во строгиот центар на градот, се презентираат културни настани од најразличен вид.










Кемал Ататурк

Во 1896 година младиот Мустафа Кемал од Солун доаѓа да учи во Битола. Едно пладне пред Велигден, шетајќи се по Широк сокак, на балконот од куќата на битолскиот богаташ Ефтим Кринте ја забележува убавата Елени, негова врсничка.

Тоа се случува во 1897 година.

Таа куќа се уште постои на аголот, веднаш спроти хотелот "Епинал". Таа била фатална љубов на прв поглед. Мустафа, кој бил вљубен до уши во Елени, бега во Солун сакајќи да се жени и да ја напушти Академијата.

Кога двајцата отишле во Солун, мајката на Мустафа, која била вдовица ги вратила младите, назад со зборовите: "Немаме пари за егзистенција и мораш да ја завршиш Академијата, а Елени да ги праша родителите дали ќе ја дадат за тебе".

Мустафа и Елени се враќаат во Битола живеејќи во колиба во сегашните Лавчанско-бруснички лозја. Избил голем скандал во чаршијата, оти ќерката на Ефтим се сака со турски кадет.

Богаташот не можел да го поднесе тоа, па за да го скрие срамот, на својот калфа му дава една торба злато и му купува куќа во Лерин и заедно со Елени ги трга подалеку од погледите и сеќавањата на битолчани, кои до ден-денеска не ја заборавија таа голема љубовна романса.

Подоцна Кемал заминува во Турција станува најголем војсководец и творец на модерната држава по што го добива името "Ататурк татко на нацијата" и умира на 57 години. Елени доживеала длабока старост и умрела на 80 години во Лерин, каде што е погребана.

Тие никогаш повеќе не се сретнале.

Picture