Хотел Епинал - Битола
Маршал Тито бб 7000 Битола
Република Македонија
тел.: +389 47 224 777
факс: +389 47 224 778
е-маил: reservation@hotelepinal.com

Вработуваме

26. Мај 2019

Продложуваме да ја пишуваме магичната приказна на конзулската Битола !

Дали сакате да бидете дел од неа ? 

Стани и ти дел од Хотел Епинал Битола кој го проширува својот тим и е во потрага по заинтересирани кандидати за позициjата: 

Раководител на помошен персонал

Краток опис на Вашите работни одговорности:
- Ги менаџира, координира и организира дневните активности на Помошниот персонал во Хотелот со цел соодветно ниво на хигиена и одржување на гостинските соби, холот и лобито на Хотелот, Ресторанот, Семинарските сали и сл.;
- Одговорен за имплементација и одржување на поставените стандарди за хигиена и соодветен изглед на сите простории во Хотелот;
- Грижа за одржување на квалитетот на професионалните услуги при сместувањето на гостите во Хотелот, како и за нивните специфични барања со цел обезбедување на високо професионално ниво на услуга;
- Грижа за континуирано одржување на чист и професионален изглед на Хотелот;
 
Вашите квалификации:
- Минимум завршено средно образование 
- Пожелно претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Високо професионален и сериозен пристап во работењето
- Развиени способности за организација и уредност
 
Вашите преференци:
- Желба за работа во тим
- Високо професионален пристап во работата
- Желба за работа во професионална средина со поставени стандарди на работа 
 
Нашата понуда:
- Соодветна обука поврзана со работната позиција 
- Динамична работна средина 
- Континуирано вложување во развојот на вработените 
- Кариерен напредок соодветен на вашите способности 
 
Доколку се пронаоѓате во горенаведениот профил, вистинската можност ве очекува со испраќање на вашето CV на следната адреса hr@bistra.com (со назнака за која позиција аплицирате)

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

AS