Хотел Епинал - Битола
Маршал Тито бб 7000 Битола
Република Македонија
тел.: +389 47 224 777
факс: +389 47 224 778
е-маил: reservation@hotelepinal.com

Ресторант и бар

Ресторан и бар

Модерно дизајнираниот ресторан "Градска Кафеана" Ви нуди прекрасни јадењa за бизнис ручеци, романтични вечери, закуски пред и по одење на театар и специјални прилики. Прекрасната атмосфера е надополнета од храната која е одлична, а персоналот е извонреден.

Ресторанот "Градска Кафеана" Ви нуди широк спектар на избор: целосно a la carte мени, сезонски специјалитети, избор на морска храна, современи интернационални и македонски менија со висок квалитет, а винската листа се издвојува со над триесет внимателно одбрани вина.

Во текот на летото можете да уживате во пријатна вечерна атмосфера на терасата. Без разлика дали планирате скромна приватна вечера, вечерен танц, свадба, или пак некој коктел со друштво, нашиот тим ќе обезбеди да имате успешен настан со својата внимателна организација, совет и внимание на деталите.

Извонредниот квалитет на храна и импресивниот избор на деликатеси ќе го направат Вашиот појадок, ручек или вечера вистинско задоволство.

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

AS